Синџирот ресторани за брза храна, KFC развива иновативен концепт на создавање пилешко месо добиено од 3D печатач. Како што стои во официјалното соопштение, KFC за таа цел соработува со истражувачката лабораторија 3D Bioprinting Solutions.
“Идејата за создавање на ‘месо од иднината’ настана меѓу партнерите како одговор на зголемената популарност на здравиот начин на живот и исхрана… Проектот има за цел да го создаде првото парче пилешко месо. Тие по вкус и по изглед ќе бидат што е можно поверни на оригиналните KFC производи, а во исто време поеколошки од обичното месо“, велат од KFC.
Руската лабораторија развива технологија што користи делови од пилешко месо и растителен материјал, овозможувајќи да го реплицира вкусот и текстурата на пилешкото месо без да биде вклучено нешто од животинско потекло во целата постапка.
Од KFC додаваат дека научници од целиот свет напорно работат на изнаоѓање решенија што ќе обезбедат стабилно снабдување со храна за светската популација што постојано се зголемува, а во исто време ќе го намали негативното влијание врз околината.
Фото: Freepik