Во Хрватска има над 600.000 туристи

86

Повеќе од 600.000 туристи моментално престојуваат во Хрватска, некои жупании имаат 60% исполнетост во однос на истиот период минатата година, рече министерот за туризам Гари Капели.

“Денес имаме скоро 600.000 туристи, претежно странци, а има околу 90.000 локални жители. Хрватска е безбедна дестинација без оглед на сè што се случува“, рече Капели по седницата на Туристичкиот совет на хрватската туристичка заедница.

Грција, рече тој, заради споредба, во моментов има само 7% од прометот во однос на минатата година.

Од друга страна, Хрватска има над 50% од прометот во јули споредено со минатата година. Тој изјави дека цените на туристичките услуги се намалени во голем број дестинации, во просек за 10 до 30%, пишува Jutarnji List.

Фото: Freepik