Црна Гора одвојува 67,85 милиони евра за помош на туризмот до 2022 година

Во рамки на третиот пакет мерки за поддршка на економијата и граѓаните и за ублажување на последиците од пандемијата предизвикана од коронавирусот, црногорските власти краткорочно ќе одвојат 67,85 милиони евра до 2022 година, за помош на туризмот. Тие мерки ќе вклучат субвенции за каматни стапки, субвенции за приватно сместување, средства за одржување ликвидност, понизок данок на додадена вредност, пишува Vijesti.me.

“Краткорочно ќе одвоиме 67,85 милиони евра до 2022 година. Третиот пакет вклучува субвенционирани каматни стапки за репрограмирање на кредити во висина од 12 милиони евра, примена на пониска стапка на ДДВ од 7% на период од една година во вредност од 16 милиони евра, субвенции за сопствениците на приватно сместување од три милиони евра, како и субвенции за туроператори и средства за промоција“, рекол црногорскиот премиер, Душко Марковиќ

Според него, долгорочниот сет на мерки во туризмот што ќе се применува до 2024 година вреди 131,7 милиони евра и се однесува на инвестиции за завршување на постоечките објекти, реконструкција и изградба на нови, диверзификација на туристичките производи и достапни авиолинии.

Фото: Pixabay