Mustang од ’65-та продаден за 3,85 милиони долари

158

Mustang Shelby GT350R произведен во 1965 година е нов рекордер кога станува збор за најскапиот Mustang на светот, откако за него се платија 3,85 милиони долари на аукција.

Направен за тркачки потреби, Mustang Shelby GT350R е произведен во 1965 година и е првиот тркачки автомобил на компанијата којшто е подготвен од славниот Керол Шелби. Овој Mustang бил возен од страна на легендарниот Кен Мајлс, чија приказна е овековечена во филмот Ford vs Ferrari и се смета за неофицијален победник на трката 24 часа Ле Ман во 1966 година, со што Ford ја прекина долгогодишната доминација на Ferrari.

Првиот Mustang којшто е направен за тркачки потреби во тогашниот SCAA шампионат сега е продаден за рекордни 3,85 милиони долари со што легендарниот темнозелен Ford Mustang од култниот филм Bullitt, којшто неодамна беше продаден за 3,4 милиони евра, повеќе не е рекордер кога станува збор за најскапиот Mustang во историјата. Новиот сопственик го добил својот автомобил на аукција во Индијанаполис, САД.

Инаку, во годината кога Ford триумфира на Ле Ман, овој Mustang Shelby GT350R бил купен за 4.000 долари од тогашниот инженер на Ford, Бил Клосон, со е започната успешната соработка што ќе резултира со поразот на Ferrari на местото каде што со години доминираше.

Исклучително важен и уникатен автомобил

Овој автомобил, кој го има прекарот “Летечкиот Mustang“ е важен, исто така, и поради тоа што служел како тимски автомобил и прототип за инженерско тестирање на Shelby American Factory. Со кодно име 5R002, служел како основа за вториот тркачки автомобил на тимот (5R001) како и за сите 34 R автомобили наменети за клиенти. Станува збор за уникатен автомобил и е единствениот GT350R произведен со овие спецификации, со карактеристики кои подоцна не се применети кај поновите модели.

Автомобилот е адекватно олеснет и е поставен на адекватно прилагоден систем за потпирање со кој Кен Мајлс во 1965 година на патеката Green Valley ги тестирал своите возачки способности, со години бил во целосна сенка, променил неколку сопственици и на крајот конечно е темелно реставриран, што му обезбеди неколку награди на изложби ширум светот.

Преземено од Avtoplus.mk