Светска банка: Западен Балкан ќе мора да го спречи задолжувањето

77

Поради пандемијата од коронавирус, земјите од Западен Балкан сè повеќе се задолжуваат. По сузбивање на директното влијание на кризата, државите ќе мора да постигнат баланс помеѓу поддршката на економското закрепнување и фискалната одржливост, стои во најновиот извештај на Светска банка.

Сите земји од Западен Балкан влегоа во криза предизвикана од коронавирусот со поголеми износи на јавен долг отколку што беше случај пред глобалната финансиска криза во 2009 година, а тоа го ограничи нивниот избор на можности за фискална реакција и ги направи почувствителни.

Фискалната политика е од клучно значење за одговор на пандемијата. Сите земји од Западен Балкан ги воведоа потребните мерки за ублажување на непосредното влијание на кризата, но нивната ефикасност зависи и од степенот до кој тие се прилагодени на конкретниот контекст во секоја од овие земји, стои во извештајот.

Потребата за задолжување рапидно расте, поради што во целиот Западен Балкан ќе се зголемат и идните плаќања по основ на камати, и тоа во услови на зголемен фискален дефицит и јавен долг и намалена достапност на средства на финансиските пазари.

По периодот на сузбивање со непосредното влијание на кризата, мерките за фискална политика ќе мора да постигнат деликатен баланс помеѓу пружање поддршка на економското закрепнување и создавање фискална одржливост.

Фото: Freepik