За прв пат по 20 години, Турција веројатно нема да увезува руски гас и тоа најмалку две недели, затоа што се обидува да ја намали зависноста од него.
Според турската државна компанија Botas, гасоводот Турски тек потполно ќе биде запрен на 27-ми јули. Botas ја купува целокупната испорака на гас што доаѓа по оваа рута, којашто во функција беше пуштена во јануари годинава.
Тој цевковод ќе биде затворен до средината на август заради поправки и ремонт. Беше затворен и претходниот месец поради планираното одржување.
Уште еден гасовод од Русија кон Турција, Син поток, исто така, е затворен од мај.
Со тоа, Турција од Русија го намали увозот на гас за дури 70% во однос на јули минатата година, туркајќи го руски Gazprom на листата главни турски увозници на гас зад Азербејџан и Иран.
Фото: Pixabay