Фото: Pexels
Времето ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. На планините со мала до умерена локална облачност и со услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Температурата од 26 до 37 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе достигне до 36 степени, а УВ индексот 9.