Volkswagen во минус 800 милиони евра

91

Германски Volkswagen објави дека во првата половина на 2020 година забележал оперативна загуба од 800 милиони евра поради големиот пад на продажбата на автомобили поради пандемијата од коронавирус и дека ја намали дивидендата за 2019 година.

Во истиот период минатата година, Volkswagen работеше со добивка од 10 милијарди евра.

Продажбата на возила на Volkswagen групацијата во извештајниот период падна за 23,2%, додека испораките за 27,4% на годишно ниво.

Намалување на дивидендата

На претстојното годишно генерално собрание во септември, германскиот производител на автомобили ќе предложи намалување на дивидендата за 2019 година на 4,80 евра по обична акција, во однос на претходно најавените 6,50 евра.

Иако предупреди дека и понатаму остануваат предизвиците, особено поради засилување на конкурентите, волатилноста на пазарите на стоки и девизи и построги побарувања во однос на штетните емисии на гасови, Volkswagen остана со прогнозата дека на ниво на целата година ќе биде профитабилен.

Акциите на Volkswagen од почетокот на оваа година паднаа за 21,5%.

Фото: Pixabay