Грчката влада обезбеди 100 милиони евра за субвенции за набавка на електрични возила, бидејќи планот е до 2030 година околу 30% од возачите на улиците да возат електрични возила.
Интернет платформата преку која субвенциите од 100 милиони евра ќе се исплаќаат на пазарот на електрични возила, ќе биде активирана на 24 август, пренесува Ekathimerini.
Mеѓутоа, потрошувачите кои сакаат да ја искористат програмата за субвенционирање може да започнат со купување уште на седми август.
Министерството за енергетика ќе отвори посебна веб страна на која потрошувачите ќе може да се информираат за сето она што ги интересира, а ќе бидат отворени и телефонски линии.
Фото: Pixabay