Европски земји коишто продаваат државјанство

278

Американскиот магазин Forbes направи истражување во кои европски земји може да се купи државјанство.

Португалија

За да добиете португалски пасош, треба да учествувате во програмата Златна виза, која има неколку начини на квалификување, вклучително и правење донација за португалската уметност и култура, инвестирање во бизнис, започнување бизнис или купување недвижен имот.

Малта

Индивидуалната програма за инвеститори во Малта е една од најпопуларните програми за државјанство. Државјанство чини приближно 1,1 милиони долари со комбинирање на донации и сопственост на недвижнини. За возврат, имате право да живеете и работите на Малта или во цела ЕУ. Исто така добиете и безвизен пристап до 183 земји низ целиот свет.

Кипар

За државјанство во Кипар ќе треба да потрошите околу 2,5 милиони долари за донации и инвестиции во недвижнини, но за возврат ќе можете да патувате без визи до 174 дестинации низ целиот свет.

Австрија

Австрија има еден од најсилните пасоши во светот и им дозволува на своите сопственици безвизен пристап до 187 дестинации ширум светот, како и право на живот во сите земји членки на ЕУ. Но, тоа задоволство не е ефтино, ќе треба да инвестирате минимум 3,5 милиони долари.

Турција

Со инвестирање 250.000 долари во недвижен имот, можете да дојдете до државјанство. Со турски пасош имате можност за влез во 111 дестинација низ целиот свет.

Иако во текстот на Forbes не се споменува Црна Гора и оваа земја неодамна отвори можност инвеститорите да се стекнат со државјанство врз основа на нивната инвестиција.

Фото: Pixabay