Пекабеско првото полугодие го заврши со добивка од 41,8 милиони денари

70
Closeup of working table workplace office

Компанијата Пекабеско, во период од први јануари до 30-ти јуни оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 41.851.000 денари, покажува билансот на успех, објавен на Македонска берза.

Во првите шест месеци од минатата година, компанијата прикажа добивка од 57.134.000 денари.

“Пекабеско АД за периодот јануари – јуни 2020 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен биланс на успех во износ од 41,9 милиони денари и истиот е понизок за 27% во споредба со претходната година“, стои во Образложението за остварените резултати.

Остварените вкупни приходи од работењето во периодот јануари-јуни оваа година изнесуваат 2.152,4 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2019 година, како што се наведува во Образложението, бележат намалување од 6%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 98,8%, имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги кои во споредба со остварените во 2019 година бележат намалување од 6%. Приходите од извоз изнесуваат 294 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2019 се повисоки за 8%.

Фото: Freepik