Загуба од 14,9 милиони денари за Пелистерка

87
A glass of water macro shot

Компанијата Пелистерка во првото полугодие од оваа година прикажа загуба од 14.900.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во првите шест месеци од 2019 година, загубата на компанијата беше на ниво од 14.407.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти јуни оваа година, изнесуваа 136.388.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 118.242.000 денари, додека остатокот од 18.146.000 денари е остварен на пазари во странство.

Фото: Freepik