Еуролинк: Нема капитална или друга поврзаност со Еуростандард банка

156

Во врска со тековните случувања поврзани со Еуростандард банка, а со цел правилно информирање на нашите клиенти и соработници, Еуролинк осигурување потврдува дека нема никаква капитална или друга поврзаност со Еуростандард банка.

“Еуролинк осигурување АД Скопје од 31.03.2020 е во 100% сопственост на Grazer Wechselseitige Versicherung AG (GRAWE Group) со седиште во Грац, интернационална компанија со осигурителна традиција долга повеќе од 190 години. Оттука, сакаме да ги информираме сите наши осигуреници и соработници дека одземањето на дозволата за работа на Еуростандард банка нема и ниту ќе има ефект врз нашето работење. Еуролинк осигурување изнајмува деловни простории во сопственост на Еуростандард банка, каде е сместена нашата Централа и истата продолжува да работи без прекин и пречки, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот“, стои во соопштението.

За сите дополнителни информации за осигурениците на Еуролинк осигурување на располагање стои Контакт центарот достапен 24/7 на 02/15888, а за дополнителни информации јавноста може да добие на [email protected].