Иднината на елитниот туризам – првиот пловен луксузен еко-хотел на соларна енергија

193

Anthenea е иднината на елитниот туризам и претставува прв пловен хотел кој се напојува со соларна енергија.

Произведен во Франција, Anthenea e пловечки еколошки хотелски апартман кој функционира исклучиво на соларна енергија. Автономната електрична платформа е дизајнирана за еден нов вид на туризам кој ги адресира големиот број на еколошки предизвици на нашето време, вклучително и зголемувањето на нивото на морињата, ефектите на климатските промени, преголемата густина на бреговите и местата кои се претрупани од туризам. Сферичната форма е базирана на принципот на површински напон забележан во природата, кој, според дизајнерите, е оптималната форма за отпор на екстремните услови на водата.

Овој еко-хотел  овозможува неверојатен поглед на океан и стаклено дно, каде гостите можат да уживаат во чудесниот морски свет. Замислата е на француска компанија која идејата ја добила од филмот за агентот 007, The Spy Who Loved Me од 1977 година.

Зад проектот се крие силна желба да се создаде нешто уникатно и футуристичко. Првиот ваков хотел е претставен во Бретања, Франција. На самиот врв на хотелот се наоѓа простор за сончање, свечени вечери и ручеци, а во целиот хотел може да се сместат 12 луѓе, пишува Travel Magazine.

Компанијата соопшти дека досега се примени голем број барања, а се планира првите испораки да бидат извршени во 2021 година, што значи дека Anthenea ќе се појави на различни локации ширум светот.

Фото: Facebook