Според Евростат, статистичката агенција на Европската унија, цената на месото во ЕУ во 2019 година била највисока во Австрија.
Во таа земја, индексот на цените на месото беше 145. Следат е Луксембург, Франција, Холандија, Белгија и Финска.
Така, цената на месото во Австрија беше скоро 50 % повисока од просечната во Европската унија.
Најниски цени на месото во 2019 година имаа Полска и Романија (со индекс на цени од 63), по што следат Бугарија (66) и Литванија (71). Овие статистики вклучуваат говедско и телешко месо, свинско месо, јагнешко месо, овчо и козјо месо, живина, како и месни производи.
Фото: Freepik