Финската премиерка Сана Марин повика да се скрати сегашниот осумчасовен работен ден, нагласувајќи дека покусо работно време може да се компензира со зголемена продуктивност.
Марин, која ја започна идејата за шестчасовен работен ден пред да стане премиерка, ќе мора да ги убеди другите четири партии во коалициската Влада да го отворат патот за скратување на работниот ден, во услови на зголемена невработеност предизвикана од пандемијата на Ковид-19.
“Мора да направиме јасна визија и конкретни чекори за Финска да се придвижи кон покусо работно време, а вработените во Финска кон подобар работен живот, рече 34-годишната лидерка пред членовите на нејзината партија.
Марин рече дека покусо работно време би било можно со зголемување на продуктивноста и дека нема да биде во судир со силните јавни финансии или целта на Владата да ја зголеми стапката на вработеност од сегашните 73,7% на најмалку 75 %.
“Богатството што го носи зголемувањето на продуктивноста на трудот мора да се дели не само меѓу сопствениците и инвеститорите, туку и со обичните работници“, рече таа.
Фото: Facebook