Поминаа скоро седум месеци откако планетарно популарниот кошаркар Коби Брајант и неговата ќерка трагично загинаа во хеликоптерска несреќа. На 23 август – кога би бил 42-от роденден на Коби – брендот за спортска опрема Nike, објави видео во кое се оддава почит на наследството на спортистот. Спотот се фокусира на она што го направи Коби “подобар“.
Спотот е насловен Better“(Подобри) и се фокусира на континуираниот стремеж на Брајант да се надградува себе и да биде подобар кошаркар и човек. Рекламата претставува монтажа од снимки од Брајант низ неговата кариера, заедно со снимки од други личности кои постојано се трудат да станат подобри во она што го прават. Наратор во рекламата е раперот Кендрик Ламар.
Креативната агенција која стои позади рекламата е Wieden & Kennedy Portland.
Фото: Facebook