Голем економски пад на членките на ОЕЦД

63

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) соопшти дека нејзините 37 членки бележат невиден економски пад од 9,8 % во вториот квартал во однос на претходниот квартал.

“Економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирус далеку го надмина падот на БДП од 2,3 %, забележан во првиот квартал на 2009 година, во екот на глобалната финансиска криза, се наведува во соопштението на ОЕЦД.

Меѓу земјите од групата седум најразвиени економии во светот – Г7, кои се членки на ОЕЦД, досега најголем пад на БДП имаше Велика Британија, од 20,4 %.
Следи Франција, со пад од 13,8 % во вториот квартал, по 5,9 % во првиот квартал од оваа година.

Италија забележа пад на економијата од 12,4 %, Канада 12 % и Германија 9,7 %, соопшти ОЕЦД.

САД имаат поблаг пад, од 9,5 % во вториот квартал.

Во Јапонија, каде што, како што наведува ОЕЦД, мерките за затворање биле помалку строги, БДП паднал за 7,8 % во вториот квартал.

Фото: Freepik