The Economist: Балканот останува без луѓе

108

Многуте проблеми во балканскиот регион ги натера младите да бараат подобри можности во други земји, а регионот нема да може  економски да ја достигне Европа без млади таленти. Низ Балканот, општата популација се намалува и старее, и ако тоа не се смени, може да се очекува уште побрза емиграција, пишува угледниот весник The Economist.

Мерењето на демографијата на Балканот е проблем, освен за евидентирање на раѓања и смртни случаи, затоа што е тешко да се добијат точни податоци. Возач на камион од Белград кој ја напушта земјата да добие работа во Германија може да го стори тоа без известување, пренесува Bankar.me.

Милиони граѓани можат да добијат пасоши од соседните земји заради поврзаноста на регионот, што е особено пожелно доколку таа земја е членка на Европската унија, бидејќи обезбедува пристап до работа каде било во ЕУ.
Една петина од хрватските иматели на пасоши кои работат во странство се веројатно од БиХ.

Сепак, достапните податоци јасно покажуваат дека населението на сите земји на Балканот опаѓа, заради емиграцијата и ниските стапки на наталитет.

“На краток рок, владите не се грижат за емиграцијата бидејќи тоа води до пониски стапки на невработеност и ги зголемуваат дознаките од странство. Но, во подолг временски период, емиграцијата е “катастрофална“, рече Владимир Никитовиќ, демограф на Институтот за општествени науки.

Според сегашните проекции, Бугарија ќе има 39 % помалку луѓе до 2050 година отколку во 1990 година.Жените во Босна и Херцеговина имаат просечно 1,3 деца, а во Хрватска 1.4.

Фото: Freepik