Тиквеш со добивка од 10,8 милиони денари за шест месеци

101

Винарската визба, Тиквеш од Кавадарци, во првите шест месеци од оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 10.817.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – јуни лани, компанијата прикажа добивка од 34.668.000 денари.

“Во делот на консолидираниот биланс на успех за првата половина на 2020 година, вкупните приходи забележаа намалување од 18%. Се оствари бруто добивка на износ од 216 милиони денари, односно намалување од 20% и оперативната добивка на износ од 24 милиони денари. Се оствари нето добивката пред оданочување на износ од 16,3 милиони денари што претставува намалување за 66%“, стои во Образложението на финансиските извештаи.

Заклучно 30-ти јуни годинава, вкупните приходи од продажба на Тиквеш достигнаа ниво од 684.318.000 денари, од коишто на домашен пазар отпаѓаат 336.588.000 денари, додека на пазари во странство реализирани се 347.730.000 денари.

Фото: Facebook