Првото полугодие за Прилепска пиварница заврши со добивка од 50,5 милиони денари

269

Прилепска пиварница од први јануари до 30-ти јуни годинава оствари вкупна сеопфатна добивка од 50.528.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првите шест месеци од минатата година, компанијата прикажа добивка од 31.140.000 денари.

“Во периодот од први до шест месец оваа година, со вложени соодветни напори и реализирани активности, постигнат е позитивен финансиски резултат од 50.528.000 денари и во однос на резултатот во истиот период од 2019 година, од 31.140.000 денари, постигнувањето на резултатот е 162,26%“, стои во Образложението кон финансиските резултати.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти јуни годинава, изнесуваа 723.787.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 715.109.000 денари, додека остатокот од 8.678.000 денари е остварен на пазари во странство.

Фото: Facebook