Кои се петте најбогати луѓе во БиХ

165

На списокот на најбогати луѓе во Босна и Херцеговина доминираат трговци, што не е изненадување за економија базирана на увоз. Трговијата на големо со нафта и нафтени деривати останува една од најпрофитабилните компании, а на списокот има градежни компании коишто го проширија својот бизнис надвор од границите на регионот. Ова се најбогати во БиХ според податоците презентирани од Forbes.

5. Станиќ група

Групата Станиќ, како мал семеен бизнис, започна со работа во 1983 година. Во изминатите 30 години, Групацијата ја постигна лидерската позиција на пазарот во дистрибуција на пијалаци, тутунски производи и техничка стока и постигна плодна, долгорочна соработка со најголемите светски компании и брендови. Забрзаниот развој започна со реализација на ексклузивен договор со Heineken и LG Electronics, а денес портфолиото на Групацијата вклучува голем број вистински врвни брендови, од кои повеќето се светски лидери во нивните сегменти. Новата фаза на развој на Групацијата започна со купување на Juicy Juices на крајот на 2013 година, што означи чекор напред во производниот сегмент, што беше една од долгорочните цели на Групацијата.

Нето вредност: 172,8 милиони евра

4. Томислав Антуновиќ – Антуновиќ АГС

Компанија Антуновиќ АГС  се занимава со дистрибуција на нафта и нафтени деривати. Антуновиќ сè уште го нарекуваат крал на нафтата.

Нето вредност: 173,2 милиони евра

3. Сенад Џамбиќ – Бинго

Меѓу најбогатите луѓе во БиХ е сопственикот на трговскиот ланец Бинго, Сенад Џамбиќ. Бинго има и мнозинска сопственост во Мајевица, производител на закуски, што тие го презедоа кога компанијата беше во банкрот. 

“Можеби сум еден од најголемите бизнисмени, но сигурно не сум најбогат“, рече тој во една пригода.

Нето вредност: 291,7 милиони евра

2. Изудин Ахметлиќ – групација Хифа
Изудин Ахметлиќ, сопственикот на групацијата Хифа, чија основна активност е трговија со нафта и нафтени деривати, е еден од најбогатитен во БиХ.

Нето вредност: 348,5 милиони евра

 

1. Кенан и Дамир Хастор – Превент Груп

Семејството Хастор е најбогато во Босна и Херцеговина. Сè започна со заштитна облека. Денес, Превент вработува повеќе од 10.000 луѓе во централна и источна Европа, од кои 7.000 само во Босна и Херцеговина. Превент континуирано расте и ги проширува портфолиото и пазарот на производи. Денес е водечки снабдувач во автомобилската индустрија и еден од индустриските лидери во регионот на ЦИЕ во автомобилската индустрија, мебелот, модната и текстилната индустрија, метални и пластични компоненти. 

Нето вредност: 394,4 милиони евра

Фото: Freepik