Одбиена понудата на Microsoft за купување на ТikTok

64

Кинеската компанија ByteDance, сопственик на популарната апликација TikTok, ја отфрли понудата за продажба на Microsoft. Reuters објави дека наместо продажба, договорено е партнерство со корпорацијата Оracle.

ByteDance се откажа од продажба на TikTok во САД, а добро информиран извор за некои американски медиуми изјавил дека кинеската компанија се согласила да соработува со Оracle за да избегне забрана за деловно работење во САД.

Договорено е Оracle да биде технолошки партнер на ByteDance и да го преземе управувањето со американските кориснички податоци на ТикТок, рекол изворот.

Американскиот претседател Доналд Трамп во август му даде рок на ByteDance да го продаде или суспендира американскиот дел од работењето на својата апликација ТikTok или во спротивно кинеската апликација ќе биде забранета во САД.

Фото: Freepik