Неколку технолошки гиганти во трка да го купат TikTok

48

Американската технолошка компанија Oracle Corp прелиминарно разговарала со сопственикот на кинескиот TikTok, ByteDance и сериозно размислува да го купи бизнисот со апликациите во САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд, пишува Financial Times.

Oracle работела со некои американски инвеститори кои веќе имаат удел во ByteDance, вклучувајќи ги и General Atlantic и Sequoia Capital, објави FT, повикувајќи се на упатени извори.

Microsoft започна преговори за купување на TikTok , апликација која е во сопственост на кинеска компанија и чии услуги ги користат над 800 милиони корисници.

Twitter ѝ се обрати на кинеската компанија ByteDance.

Аналитичарите сметаат дека Twitter е далеку од можноста да го надигра Microsoft и да склучи договор во рок од 45 дена, колку што американскиот претседател, Доналд Трамп, му даде на ByteDance да постигне договор за продажба.

Фото: Freepik