Фан од Босна и Херцеговина на камионите на Ford и Tesla, не може да го дочека Cybertruck на Илон Маск, што се очекува на крајот на следната година, па решил да си направи своја верзија од футуристичкиот автомобил, пишува Ројтерс.
Осум месеци им биле потребни на ИТ експерти и инженери од компанијата на Игор Крежиќ, Stark Solutions, за да можат робусниот Ford Raptor F-150 да го “распарчат“ на најситни делови, а потоа да го трансформираат во возила на бензин што личи на Cybertruck.
Првото возење низ улиците на Мостар привлекло големо внимание.
“Сите гледаа во него, а пола од нив мислеа дека сме направиле тенк, бидејќи луѓето не знаат што е Cybertruck. Една девојка дури застана за да прашање дали тука се произведуваат овие возила на Tesla“, вели Марио Чориќ, директор на компанијата.
Крежиќ, кој стои зад оваа идеја, одбил да зборува со Ројтерс, пренесува Дневни аваз.
Иако можеби не изгледа сосема исто како функционалниот прототип на Cybertruck, камионетот многу потсетува на него.
“Сопственикот сакаше да ги комбинира двете спротивни страни – Ford и Cyber, бидејќи е обожавател и на Tesla и на Ford, па двете души ги споивме во едно“, рекол Чориќ.
Инаку, Cybertruck, којшто наликува на оклопно возило, ќе се продава по почетна цена од 39.000 долари, а ќе се произведува во фабрика за камиони во Детроит.
Фото: Facebook (илустрација)