Економистите предвидуваа закрепнување во втората половина на оваа година, но сега се сомневаат во овие прогнози. Многу влади најавуваат нови мерки за карантин или го забавуваат отворањето на економијата, бидејќи повторно се соочуваат со значително зголемување на бројот на заразени лица.
“Веројатноста за двоен пад, односно уште една контракција во четвртиот квартал, значително се зголеми“, вели Карстен Бржески, главен економист во групацијата ING која е холандска мултинационална банкарска и корпорација за финансиски услуги со седиште во Амстердам. Тој очекува повеќе регионални блокади во наредните недели.
Што нè чека на крајот на годината?
“Постои висок ризик од двоен пад во четвртиот квартал“, рече Крис Вилијамсон, главен економист во британската IHS Markit. Податоците објавени оваа недела покажаа дека заздравувањето во еврозоната запре во септемвр. Како што одиме во четвртиот квартал, очигледно има многу повеќе блокади и тоа навистина ќе го запре растот, додаде Вилијамсон.
Евидентно е дека ризикот расте. Предупредувањата се слични и за Велика Британија, каде владата во вторникот објави дека пабовите и рестораните мора да работат пократко време и дека луѓето треба да работат од дома, ако е можно, наместо да одат во канцеларија. Економистите предупредуваат дека новите мерки повторно и првенствено ќе влијаат на услужниот сектор и дека тоа ќе доведе до забавување на деловната активност во наредните месеци.
Фото: Pixabay