Забраната за пластични сламки за еднократна употреба, лажички за мешање и стапчиња за уши стапи на сила во Англија.
Се проценува дека луѓето во Англија годишно употребуваат 4,7 милијарди пластични сламки, 316 милиони лажички за мешање и 1,8 милијарди стапчиња за уши, пренесува BBC.
Борците за заштита на животната средина ја поздравија ваквата одлука.
Исклучоци се болниците, баровите и рестораните каде пластичните сламки ги користат луѓе со инвалидитет или медицинска состојба којашто тоа го бара.
Владата на Велс, исто така, размислува за воведување на слична мерка.
Фото: Pixabay