Бугарија не е позната во светот на автомобилизмот, ниту има историја во авто индустријата, освен спорадичните обиди да се направи автомобил во таа земја, меѓутоа најавите кои доаѓаат може тоа да го променат.
Бугарската компанија Alieno најави уште пред две години дека влегува во светот на автомобилизмот и дека сака да направи електричен автомобил, но сега доби и конкретен изглед.
Arkanum би требало да биде најмоќното возило во светот, со дури 5.221 коњски сили. Внатре ќе има осум екрани кои служат за контрола, комуникација и забава во возилото.
“Изгледот на нашиот автомобил е футуристички и сакаме нашите клиенти да се чувствуваат како да се возат во вселенски брод, на што потсетува нашиот модел, бидејќи тој користи вселенска технологија. Инспирација за изгледот на кабината најдовме во борбени авиони, но и во филмови со научна фантастика“, рече Енчо Енчев од компанијата Aliеno.
Од компанијата не откриваат кога би можело да почне производството. За сега е најавено дека ќе произведуваат само по нарачка на клиенти, но не и сериски, а цената може да биде околу 750.000 евра, за основен модел. Најскапата варијанта би чинела околу 1,5 милиони евра, пренесува Спутник.
Фото: Printscreen YouTube