Најскапиот метар квадратен за стан продаден во Србија во текот на третиот квартал бил во комплексот Белград на вода и чинел 9.013 евра, а за тој стан се одвоени 883.800 евра, пренесува Танјуг.
Првите седум најскапи станови во Србија, во овој период, се продадени во истиот комплекс.
За станови во староградба најскапиот стан е 4.300 евра по квадрат, а се наоѓа во белградската населба Врачар, додека најскапиот стан по цена од 1,4 милиони евра е продаден на белградската општина Стари град.
Највисока цена на деловен простор достигна имот на Копаоник, по цена од 7.168 евра, додека најскапиот деловен простор, што го променил сопственикот за повеќе од милион евра е во населбата Врачар.
Најскапата куќа е продадена во белградската населба Савски венец и чинела 1,15 милиони евра.
Фото: Pexels