Претпразничниот шопинг во Британија почна порано од обично

64

Британците оваа година подранија со претпразничниот шопинг, пренесува Ројтерс.

“Забележавме дека сезоната на купување подароци почна порано од вообичаено. Сметам дека луѓето купуваат порано за Божик бидејќи сакаат да бидат сигурни дека навреме ќе ги набават подароците“, вели Пипа Викс, извршен директор на синџирот продавници John Lewis.

Според нејзе, најголем дел од подароците за Божик ќе се купуваат онлајн. Во рамки на нивниот бизнис, 60% од продажбата отпаѓа токму на електронската трговија.

Фото: Freepik