Од седми до 14-ти октомври се одржа 11-от регионален онлајн саем за вработување на кој повеќе од 80 компании од Македонија и регионот се претставија со над 570 понуди за работа.
Под слоганот Сега е време за (подобра) работа се одржа овогодинешниот регионален онлајн саем за вработување, којшто од седми до 14-ти октомври истовремено се случуваше во пет земји од регионот, вклучувајќи ги Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Словенија.
Овој саем, кој на еден начин ги “отвори“ затворените граници, го посетија над 340.000 работобаратели од целиот регион кои имаа единствена можност да конкурираат на преку 570 понуди за работа. Покрај тоа, посетителите можеа да стапат во директен контакт со работодавачот преку онлајн чет, да дознаат повеќе за своето идно работно место и да добијат увид како е да се работи таму преку искуствата на вработените.
Само во Македонија, саемот забележа 108.000 посети и речиси 7.000 испратени CV-а на над 100 огласи за работа, што е за 120% повеќе посети и за 250% повеќе апликации во однос на минатата година. Целокупниот саем оствари четири милиони прегледи што е повторно пораст од 74% во однос на претходната година.
Компании кои се претставија како изложувачи на саемот во Македонија се: А1 Македонија, Кроациа Осигурување, НЛБ Банка, Македонски Телеком, Магна Интернационал, Телеперформанс Скопје, Киел Македонија, Дата Мастерс, Aptiv, BREON, Маркарт, Костал, Алкалоид АД Скопје, Лакталис, ЕСИ, Loka, Vipper.com и SPAR Hrvatska.
Саемот традиционално секоја година во октомври го организира порталот Vrabotuvanje.com во соработка со другите водечки портали за вработување во регионот: MojPosao – Хрватска, Poslovi Infostud – Србија, MojPosao.ba – Босна и Херцеговина и од оваа година Deloglasnik – Словенија.
Фото: Vrabotuvanje.com