Полскиот малопродажен ланец специјализиран за продажба на облека и производи за домаќинството, Pepco ги отвора првите две продавници во Белград на 23-ти октомври. Ланецот планира да отвори 30 продавници во текот на првата година од работењето на српскиот пазар.
Pерсо има повеќе од 2.000 продавници во Европа и на своите клиенти им нуди различни групи на производи, вклучувајќи машка, женска, детска гардероба, обувки, играчки, декоративни производи, текстил, опрема за домаќинство итн.
Компанијата работи во 12 европски земји: Чешка, Хрватска, Естонија, Летонија, Литванија, Унгарија, Полска, Словачка, Словенија, Романија и Бугарија, а од септември и во Италија. Брендот е лансиран во 2004 година во Полска.
Фото: Facebook