Наследниците на првиот човек на Samsung ќе платат огромен данок на наследство

99

Наследниците на првиот човек на Samsung, Ли Кун Хи, кој почина викендов, ќе платат огромен износ на данок на наследство, пренесуваат светските медиуми.

Имотот на Ли во акции се проценува на 15,39 милијарди долари, од коишто скоро девет милијарди ќе бидат зафатени со данок. Според законите во Јужна Кореја, наследниците може да го платат данокот на рати во рок од пет години.

Претседателот на Samsung почина во неделата на 78-годишна возраст во болница во Сеул. Бил тешко болен откако во 2014-та година доживеал срцев удар. Зад себе ја оставил сопругата, еден син и две ќерки. Засега не се знае како неговите три деца ќе го поделат богатството. Едниот син имал правни проблеми поради поврзаност со две подружници на Samsung што му овозможило поголема контрола над групацијата.

Дел од групацијата Samsung станал во 1987 година, а во 2016-та година, според магазинот Forbes, е најбогат во Јужна Кореја.

Тој ѝ припаѓаше на втората генерација лидери на компанијата, а на своите наследници им остава потенцијално тешки прашања околу сукцесијата.

Фото: Freepik