Како да препознаете лојален работник

365

Лојалните работници се двигател на успешните компании. Кога се чувствува исполнето на своето работно место, дава сè од себе за да се подобри работата на компанијата. Тие споделуваат знаење, решаваат конфликти, предложуваат начини за подобрување на работата, го зајакнуваат моралот, им помагаат на колегите… Ваквото однесување ги прави тимовите и компаниите поефективни, продажбата подобра, трошоците помали и сè функционира беспрекорно.

Лојалноста во голема мера е инспирирана од флексибилност и индивидуално внимание.

Секој работодавач и претприемач сака да има лојални работници во неговиот тим. Постојат две нивоа на лојалност. Во првото спаѓаат работниците кои се лојални на компанијата. Тие работат напорно за нивната плата и се посветени за успехот на компанијата. Додека работат за вас тие го даваат најдоброто од себе си и честопати ги ставаат интересите на компанијата пред своите. Во втората категорија се исклучително лојалните работници. Тие не само што се лојални на компанијата, туку се верни и на вас.

Овие неколку начини на однесување ќе ви помогнат да препознаете работник кој не е лојален само на компанијата, туку и на вас како работодавач, шеф, менаџер.

Тие се искрени

Тој е подготвен да ви го каже тоа што најмалку сакате да го слушнете. Ако сте направиле грешка нема да се плаши да ви укаже на негативностите.

Ве гледа како личност не само како шеф

Многумина од вработените на вас гледаат само како шеф. Тие не ве гледаат како некој со соништа, надежи, несигурност и страв. Лојалниот работник знае дека сакате да им помогнете во развој на професионалните цели и тие, исто така, го посакуваат најдоброто за вас. Тие ве гледаат како личност не само како шеф.

Не ве критикува пред останатите

Дебатите и несогласувањето се “здрави“ за секоја компанија. Лојалниот работник ги споделува своите мислења и идеи, но ако има некоја критика кон вас, тоа нема да ви го каже пред другите. Лојалниот работник не озборува и не ви зборува зад грб.

Известуваат пред да одлучат да заминат

Кога ќе одлучат да заминат поради подобра можност, поинаков начин на живот, да започнат нов бизнис, знаат дека нивното заминување ќе создаде празнина и затоа ќе ве известат за нивното заминување, за да ви даде доволно време да ја пополните празнината.

Фото: Pixabay