Bentley оди под “капата“ на Audi?

53

Германската автомобилска групација, Volkswagen продолжува со внатрешно реструктуирање, а поради тоа се очекува луксузниот бренд Bentley да го предаде на Audi, веќе од следната година.

Според пишувањето на повеќе медиуми, засега одговорноста за Bentley во VW му припаѓа на шефот на Porsche, Оливер Блум, поради што британскиот луксузен бренд би требало да биде тесно поврзан со Audi. Луксузните марки на автомобили Bugatti, Bentley и Porsche се дел од сегментот Супер Премиум.

Иако 2019-та година беше добра за Bentley, Британците тврдат дека прогнозите за оваа година не ветуваат многу. Како главни причини за тоа ги наведуваат пандемијата и Брегзит.

Фото: Pexels