Тетекс за девет месеци прокнижи добивка од 34 милиони денари

79

Компанијата Тетекс од почетокот на годината до крајот на септември оствари вкупна сеопфатна добивка од 34.005.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во истиот период лани, добивката на компанијата беше 40.173.000 денари.

Заклучно 30-ти септември оваа година, вкупните приходи од продажба изнесуваа 70.683.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 44.282.000 денари, а на пазари во странство 26.401.000 денари.

Покрај основната дејност на Тетекс, којашто се занимава со текстилна индустрија, компанијата има вложувања и во други дејности: банкарство (најголем поединечен акционер на ТТК банка АД Скопје, електро-машински услуги и инженеринг, трговија со нафтени деривати итн.).

Фото: Freepik