Кучиња детектираат коронавирус прецизно како ПЦР тест

Експерти од Финска ги објавија првите резултати од експериментот со дресирани кучиња кои можат да надушкаат лице заразено со коронавирус. Резултатите покажуваат дека кучињата се прецизни скоро колку и ПЦР тестовите.

Три кучиња трагачи, поставени во пробна кабина на аеродром во Хелсинки, откриле вирус кај 0,6% од вкупно 2.200 патници. Експериментот ќе трае до декември, а е на доброволна база. Во првиот бран од пандемијата, експериментот покажа дека кучињата може да откријат Ковид-19 со скоро 100% прецизност дури и пет дена пред ПЦР тестот.

Стотина патници секојдневно стојат во ред за бесплатно тестирање на аеродромот во Хелсинки, кој бара од луѓето да се избришат со марамче и да му го дадат на кучето да го издушка. Ако примерокот е негативен, кучето не се задржува кај тоа марамче.

Фото: Freepik