Кучиња на аеродром во Хелсинки детектираат коронавирус

89

Дресирани кучиња трагачи се распоредени на аеродром во Хелсинки со цел да откриваат патници кои се заразени со коронавирус, пренесува Associated Press.

Во ова истражување на властите се вклучени четири кучиња од различни раси коишто поминале низ обука во Здружението за откривање на мириси. Станува збор за четиримесечен експеримент за тестирање на коронавирус, којашто би можела да се покаже како поисплатлив и полесен начин на откривање на заразени патници.

Финска го презема овој чекор откако студија на Ветеринарниот факултет при Универзитетот во Хелсинки покажува деа кучиња, кои се дресираи, можат да откријат коронавирус со скоро 100% сигурност.

Патниците кои ќе се согласат бесплатно да се тестираат, во рамки на оваа програма, нема да имаат директен физички контакт со кучето. Тие треба да се избришат со марамче, што потоа се става во тегла и му се дава на кучето во посебна кабина.

Овие обучени кучиња би можеле да бидат ангажирани на различни места, како што се болници, пристаништа, домови за стари лица, спортски и културни настани. Сличен ваков експеримент се спроведува и на аеродром во Дубаи во текот на летните месеци.

Фото: Pexels