Фруктал Мак за девет месеци оствари добивка од 11,4 милиони денари

53
Orange fruit with a glass of juice on the wooden table. High quality photo

Компанијата што произведува овошни сокови, нектари и пијалаци, Фруктал Мак во периодот јануари – септември оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 11.400.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во деветте месеци од 2019-та година, добивката на компанијата беше 19.168.000 денари.

“Приходите од продажба во најголем дел се приходи кои произлегуваат од продажба на сопствени производи на домашен и странски пазар. Вкупните приходи изнесуваат 283.586.000 денари и бележат намалување од 4%“, стои во Образложението кон финансиските извештаи.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти септември годинава, изнесуваат 283.586.000 денари, од кои на домашен пазар се 125.523.000 денари, а поголемиот дел од 158.063.000 денари е продажба на пазари во странство.

Фото: Freepik