Германскиот производител на автомобили, Volkswagen третиот квартал од оваа година го заврши со добивка, благодарение на зголемената побарувачка за луксузни автомобили на кинескиот пазар.
Во периодот од јули до септември оваа година, Volkswagen оствари нето добивка од 2,75 милијарди евра, додека во првите три квартали имаше загуба од 1,53 милијарди евра.
Групацијата испорача 1,1% помалку автомобили одошто во истиот период лани, но добрите резултати се благодарение на раст од 3% на продажбата на премиум брендови во Кина, вклучувајќи ги спортските автомобили Audi и Porsche.
Volkswagen очекува оваа година да ја заврши со добивка, но поради нестабилноста на пазарот нема да се објават прецизни проценки.
Фото: Pexels