Оригиналниот Defender ќе живее благодарение на Bowler

51

Bowler доби дозвола од Jaguar Land Rover да ја искористи формата на оригиналниот Defender за да создаде чистокрвни теренци под ознаката CSP 575.

Компанијата Bowler беше откупена од страна на Land Rover кон крајот на 2019 година и беше интегрирана во нивната Special Vehicle Operations (SVO) дивизија на крајот од истата година. Сега, Bowler доби дозвола од JLR за користење на формата на оригиналниот Defender за да создава нови високоперформансни и чистокрвни теренци.

Силуетата на легендарниот Defender ќе продолжи да живее преку британската компанија и ќе се користи за нов патнички легален модел наречен CSP 575. Моделот се очекува да пристигне следната година во ограничено издание, а цената во Велика ќе изнесува 200.000 фунти, а веќе се објавени и првични рендери за изгледот.

CSP 575 ќе биде базиран на силната челична шасија на Bowler CSP, ќе ги користи каросериските панели од алуминиумска легура од Defender 110 и ќе има простор за четири патници плус багаж. Погонот на сите четири тркала ќе биде овозможен од 5,0-литарскиот V8 мотор на Land Rover, кој испорачува 567 КС.

“Возбудени сме да го најавиме првиот голем проект од купувањето на Bowler. CSP 575 ќе ги комбинира V8 перформансите и практичноста на четири патници со веќе докажаната CSP платформа на Bowler, со што се проширува изгледот на брендот“, изјави директорот на Jaguar Land Rover SVO Михаел ван дер Санде.

Bowler рачно ќе го склопува CSP 575 во нивната фабрика во Дербишаер и истакнува дека ова ќе биде “првиот од неколкуте нови проекти кои ќе бидат најавени во следните неколку години“.

Преземено од Avtoplus.mk