Турски пограничен град омилено место за шопинг на Бугари

183

Пандемијата што ја предизвика коронавирусот не ги поколеба туристите од Бугарија да го посетуваат градот Едрене, што се наоѓа во североисточниот дел на Турција.

Голем број Бугари секој ден ја преминуваат границата со Турција и во Едрене си ги купуваат сите потребни производи и намирници со висок квалитет и прифатливи цени, пишува Daily Sabah.

Трендот беше особено нагласен во септември откако Бугарија ги отвори границите за влез на патници од Турција.

На локалниот пазар во Едрене има најразлични видови на храна, текстил, производи за домаќинство. Најголем број на посети од Бугарија има во петок и за време на викендите.

Како една од причините поради која Бугарите се решаваат да купуваат во Турција е флуктуацијата на турската лира, што прави многу производи во земјата да се продаваат по пониски цени.

Посетителите од Бугарија велат дека купуваат колку што можат да носат и не се плашат да доаѓаат и покрај зголемениот број на заболени од Ковид-19 и во двете земји.

“Има голема разлика во квалитетот што го купуваме тука и она што го има во Бугарија, па поради тоа доаѓаме тука“, вели Гулшен Донмез, која живее во Бугарија.

Таа вели дека на секое доаѓање во Турција троши околу 235 долари, а купува сè од облека до апарати за домаќинство.

Фото: Freepik