Баровите, рестораните и клубовите во Москва, во период од два месеца, ќе бидат затворени во текот на ноќта со цел да се намали ширењето на Ковид-19, рекол градоначалникот на руската престолнина, Сергеј Собјанин.
Тој рекол дека рестораните, баровите и ноќните клубови нема да смеат да послужуваат гости во период од 23 до шест часот наутро од 13-ти ноември до 15-ти јануари.
Построги мерки ќе има и за образовни установи, театри и спортски настани. Учениците ќе преминат на онлајн настава, а се препорачува оние кои веќе учат од дома, да го сведат на минимум излегувањето во град.
Руските власти не сакаат да воведат строг карантин, како оној во првиот бран на пандемијата иако има рекорден број на заразени.
Русија веќе тестираше две вакцини против вирусот и во план е да ја регистрира и третата.
Фото: Freepik