Француски Renault официјално ја претстави новата генерација на своето комерцијално возило Kangoo, во пресрет на комерцијалната премиера следната пролет.
Renault Kangoo пристигнува во четири различни верзии, вклучително и две должини, а опсегот се сочинува од Kangoo, Kangoo Van, Express и Express Van. Новиот Kangoо пристигнува со целосно нова предница со хоризонтални фарови, голема решетка со хромиран трим, поголеми отвори за воздух, мускулна хауба, нови линии на страните и редизајниран заден дел.
Застарениот контролен панел од актуелната интеракција е заменет со нов и модерен изглед на којшто се наоѓа инфозабавниот систем во форма на таблет кој е поставен во средината, под отворите за вентилација. Управувачот исто така е нов, иако го задржува трикракиот дизајн. Зад него се наоѓа традиционалниот инструмент кластер со мал LCD екран меѓу инструментите.
Рачката од менувачот е поместена наназад, а во кабината се наоѓа доволно простор за складирање на личните работи, со тоа што од Renault велат дека Kangoo го има најдоброто ниво за складирање во својата категорија. Новиот Kangoo исто така има и мошне голем простор за товар, кој варира од 3,3 до 4,9 кубни метри, зависно од каросериската изведба, а сето тоа е засилено од страна на Easy Side Access и Easy Inside Rack. Меѓу останатите новитети тука е и воведувањето на дигиталниот ретровизор.
Опсегот на моторни единици треба допрва да биде објавен и детализиран, но се очекува да пристигне со традиционалните бензински и дизел мотори, во комбинација со мануелен и автоматски менувач. Новитет секако ќе биде и електричната верзија на возилото кое ќе се приклучи во опсегот.
Renault ќе ги произведува новите Kangoo и Kangoo Van во Франција, додека Express и Express Van ќе се произведуваат во Мароко. Kangoo, Kangoo Van и Express Van ќе се продаваат во Европа и на останатите светски пазари, додека Express ќе се продава надвор од Стариот континент.
Преземено од Avtoplus.mk