Што е тоа што не му дава мир на Маск?

84

Основачот на Tesla Motors, Илон Маск важи за самоуверен претприемач. Овие денови него добро му оди, бидејќи неговите акции се на рекордно високо ниво, но има една мала причина поради која може да биде загрижен, а се вика Lucid Air.

Тоа е новиот модел на електричен автомобил што ќе биде достапен за продажба од почетокот на следната година и во овој момент е во претпродажба. Автомобилот може да се пофали со елегантен дизајн и дури 1.080 коњски сили. Lucid Air е дизајниран за пружи помал отпор од Model S на Tesla, што го прави енергетски поефикасен.

“Многу работевме на аеродинамичка оптимизација на автомобилот и на проток на воздух. Посебно внимание обрнавме на отворите за воздух, бидејќи помалиот проток низ возилото значи и помал отпор“, вели Дерек Џенкинс, потпретседател на Lucid Air.

Кратката хауба, големата кабина со стаклен покрив и дизајн на задното ветробранско стакло му даваат на автомобилот практичност и модерен изглед. Стаклениот покрив овозможува голем доток на природна светлина во внатрешноста.

Lucid Air, како што пренесува Seebiz, веќе ги отвори продажните салони на клучните пазари за електрични автомобили, каде потенцијалните купувачи може да го разгледаат возилот и да го порачаат.

Основниот модел на Lucid Air ќе има 480 коњскис сили, а ќе се продава за околу 77.400 долари, ќе бидат достапни и неколку варијанти од кои најскапата ќе чини 169.000 долари.

Фото: Instagram