Антибактериски телефон – може да се мие со сапун и со белило

165

Компанијата Bullitt разви антибактериски телефон што може да го запре ширењето и размножувањето на бактерии.

Станува збор за телефонот Cat S42, којшто може да се купи за 229 фунти и е опремен со посебна биомастер технологија. Телефонот ќе има антибактериски систем што ќе се бори против ширење на бактериите благодарение на сребрени јони што се вградени во материјалот од којшто е изработен. Исто така, телефонот може да ја намали концентрацијата на бактерии за 80% во рок од 15 минути и 99,9% во рок од 24 часа.

Според производителот, телефонот е целосно водоотпорен и треба редовно да се мие со сапун и вода, средство за дезинфекција, па дури и белило за да биде чист.

Освен што е водоотпорен, телефонот во текот на тестирањето бил повеќе пати фрлан на челик од висина од скоро два метри, издржувајќи го падот. Куќиштето е од непробојно стакло и чели, а по падот немало ниту траги од прашина.

Фото: YouTube screenshot