Италија ги разлабавува мерките против пандемијата

Италијанските власти од недела ги разлабавуваат мерките што беа воведени поради спречување на ширење на заразата во пет покраини, што ја вклучува и најбогатата и најнаселена област – Ломбардија.

Ломбардија, Пиемонт и Калабрија од недела ќе преминат од црвена во портокалова зона, Сицилија од портокалови ќе се спуштат во жолта зона, што значи помалку ограничувања против пандемијата.

Одлуката е донесена поради падот на хоспитализации во изминатите недели и намален број на новозаразени.

Луѓето во црвената зона смеат да го напуштат домот само за да одат на работа, на лекар или во итни случаи, а сите угостителски објекти и поголемиот дел од продавниците се затворени. Во портокаловата зона, луѓето можат слободно да се движат во своите градови, но не можат да ги напуштаат. Во овие региони се затворени баровите и рестораните, но продавниците работат нормално.

Во Италија се потврдени 1,5 милиони случаи на заразени со коронавирус.

Фото: Freepik