Канада ќе почне да ги оданочува странските технолошки гиганти

51

Канада планира да воведе дополнителен данок на компании од секторот дигитални услуги и производи, во рамки на новиот “чесен даночен систем за дигитална економија“, рекла канадската министерка за финансии Кристиа Фриленд.

Од први јануари 2022 година, данок на промет со производи и услуги ќе плаќаат и големи странски компании, а владата ќе наплаќа и дигитален данок на компаниите што даваат дигитални услуги, предвидува планираната измена.

Се очекува од овие дополнителни даноци, Канада да заработи околу 2,6 милијарди долари за пет години.

“Актуелниот систем целиот товар го става врз канадските потрошувачи кои го плаќаат преку ДДВ. Тоа на странските дигитални компании и обезбедува неправедна предност и ја намалува конкурентноста на канадските компании“, смета Фриленд.

Со новиот данок ќе бидат опфатени компании, како: Alphabet, Apple, Spotify, Netflix…

Фото: Freepik