Вакцините против коронавирусот, координирана здравствена политика на земјите ширум светот и финансиска поддршка на владите ќе придонесат за економско закрепнување во 2021 година, истакнуваат од Организација за економска соработка и развој.
Светкиот бруто домашен производ оваа година ќе се намали за 4,2%, а следната година ќе има скоро идентичен раст, којшто веќе во 2022-ра година би требало да се позиционира на 3,7%, проценува оваа организација.
Се очекува закрепнувањето да биде посилно доколку навреме и соодветно се дистрибуира вакцината, што ќе ја зголеми довербата и ќе ја намали неизвесноста.
Фото: Freepik