Јапонскиот БДП во третиот квартал порасна скоро 23%

57

Јапонската економија порасна за 22,9% во третиот квартал од истиот период минатата година, покажаа ревидираните податоци на јапонската влада.

Во првичната проценка, статистичарите објавија раст на бруто домашниот производ (БДП) од 21,4% помеѓу јули и септември. Во споредба со претходните три месеци, БДП порасна за 5%, според првичната проценка.

Ова е прво зголемување на економската активност по три тримесечја пад на третата по големина економија во светот, која падна во историска рецесија дури и пред да биде погодена од пандемија на коронавирус.

Јапонската влада планира да ја поддржи економијата со нов пакет мерки, вреден 701 милијарди долари.

Фото: Pixabay